Даз Флоу и Гоу Грин со нова песна

Daz Flow - Prikluci SeДарко Иваноски ака Даз Флоу е млад хип-хоп артист од Скопје кој во моментов е актуелен со неговото најново видео за песната „Енергија“. Една од работите во кои тој е заљубен е природата. Како член на Гоу Грин, Даз ја изработи песната „Приклучи се“ која повикува на одговорно однесување кон животната средина.
Инаку, „Гоу Грин“ е здружение кое работи на полето на младински активизам и животна средина. Најпрепознатливи се по кампањата „Гоу Клин“ за собирање на отпадни батерии и проектот „Биди Зелен“ за потикнување на еколошката свест, за која се изработи песната на Слаткаристика и Тони Зен.
Овој пат станува збор за различен концепт на песна, но со слична цел – подигање на еколошката свест, но и за регрутација на нови членови во „Гоу Грин“ која ќе започне во Септември.

Покрај Даз Флоу, во изработката на песната се вклучија и Андреј Трајковски – Тракер кој беше задолжен за музиката и аранжманот, Тихомир Јакимовски – ТуТе ги изврши миксањето и продукцијата и Кристијан Делчевски – ДЈ К 105 со своите скреч способности. За дизајнот на сликата се погрижи Роберт Мишовски.