David Bowie наводно ќе објави нов албум во јануари

David Bowie ќе објави нов албум, именуван Blackstar, на 8 јануари 2016 година, јавува The Times of London.

Според тврдењата на весникот, албумот на кој има седум песни бил снимен во Magic Shop студиото во Њујорк, со локални џез музичари.

Неговата десетминутна насловна песна, која неодамна беше позајмена како тематска музика за серијата The Last Panthers на каналот Sky Atlantic, наводно треба да биде пуштена во продажба на 19 ноември. Истата песна ќе биде употребена и за Lazarus, претстава за која Bowie се потпиша и како коавтор.

The Times го опишува изданието како „албум со долги џез импровизации комбинирани со тактови како оние кои први ги користеа германските бендови од 70-тите, Can и Kraftwerk“.

Од страна на Bowie сé уште нема никаква потврда.