Дарио Николовски избран за претседател на Здружението на директори на училишните и студентските домови

Дарио Николовски, актуелниот директор на Државниот студентски центар „Скопје“, е избран за претседател на Здружението на директори на училишните и студентските домови во Република Македонија.

Николовски во петокот беше едногласно избран од директорите на сите домови кои го сочинуваат здружението. Тој ја презема функцијата од досегашниот претседател Блаже Митев, кој е актуелен директор на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје.

Здружението, според описот, работи на подобрување на состојбите во домувањето на студентите и учениците. Располага со сопствен буџет и покрај другите одговорности, ги организира студентсктие и ученичките манифестации и настани во земјата.