Над 1000 млади лица се обвинети од полицијата во Данска поради ширење експлицитно секс-видео на Фејсбук месинџер на двајца петнаесетгодишници, објави БиБиСи.
Полицијата соопшти дека ваквото дело значи дистрибуција на непристојни слики на деца, бидејќи двете снимени лица се под 18 години. Фејсбук за ова им посочи на американските власти, кои ја известија полицијата во Данска.
Илјада и четири млади луѓе од целата земја се соочуваат со обвиненија поради, како што е неведено, обезбедување на дистрибуцијата на оваа содржина есента. Дел од осомничените се над 18 години и биле повикани на распит во полиција. Осомничените под 18 години пак биле контактирани преку нивните родители.
Дански полициски службеник изјави дека обвиненијата доаѓаат како предупредување до младите луѓе за никогаш не споделуваат сексуални видеа. Секој кој ќе биде прогласен за виновен за овие обвиненија се соочува со можна условна затворска казна од околу 20 дена, но и нивно ставање во следните десет години во регистарот на прекршителите за детска порнографија.