Данец осуден на четири месеци затвор – се закашлал во полицаел и викал „Корона!“

Дански државјанин е осуден на четири месеци бидејќи се закашлал во полицаец и викал „Корона!“. Лицето е обвинето поради „насилство со умисла“ кон јавен службеник и е осудено од Врховниот суд во Данска.

20 годишниот Данец се враќал од роденденска забава во градор Арбус, кога бил застанат поради рутинска полициска контрола. Лицето тогаш започнало да кашла накај полицајците кои не биле дистанцирани, при што почнало да вика и „Корона!“.

Лицето тогаш објаснило дека е пијано, но полицијата го уапсило поради лошо однесување. Подоцна, лицето било тестирано, при што било утврдено дека е негативно на вирусот.

Начелно, тоа било осудено на тримесечна казна затвор поради опасно однесување, но казната била зголемена поради нови легални измени.

„Насилството, како и сите форми на физички напад се воведени во Криминалниот код. Истовремено, новите легални мерки го земаат предвид и умисленото заразување со коронавирусот“.

Данска се подготвува да ја врати старата динамика на живеење во поголем дел од земјата, доколку граѓаните се согласат да се тестираат двапати неделно.

Данската влада неделава соопшти дека се снабдила со десет милиони брзи тестови за коронавирус.

„Овие тестови се ефикасни исто како претходните“, изјавил министерот за здравство, Магнус Хајнике.

Моментално во Данска работат само најважните бизниси, а воведена е и забрана за групирање на повеќе од пет луѓе бидејќи државата се справува со британскиот сој на коронавирусот.

Извор: Euronews