Дали технологијата ја брише човечноста во нас?

Во последните години, се поголем е бројот на научници и психолози кои се повеќе почнуваат да го преиспитуваат влијанието на технологијата врз човештвото. Нашата фасцинација со социјалните мрежи, потпирањето на GPS, па дури и  едноставното пребарување преку Google  – сево ова би можело пополека да не менува.

Дали технологијата ја брише човечноста во нас?

Многумина мислат дека е во прашање промена на подобро. Нашите направи и модерни геџети ни помагаат подобро да се поврземе со другите луѓе, да останеме сконцентрирани кога возиме и да откриваме многу повеќе информации.

Меѓутоа, има и такви кои тврдат дека се менуваме на полошо. Тие се загрижени за оваа човекова дигитална трансформација, но веруваат дека дехуманизацијата нема да се случи барем уште сто години.

Сензорна динамика

Овој концепт е поврзан со нашата перцепција. Кога ќе погледнеме преку прозорецот, перципираме милиони предмети, боја, перспектива, звук, чувства… Но, кога ќе погледнеме во таблет, перципираме само неколку предмети, а со постоењето на e-mail и смс пораките, ние не ги ни користиме нашите сетила. Ова може да претставува сериозен проблем во понатамошниот развој на човештвото, пишува techradar.com.

Професорот Нима Моравеџи од универзитетот Стенфорд смета дека технологијата понекогаш може да ни ги измеша нашите сетила. Можеме да видиме само буквални и текстуални информации, наместо спектар од човечки емоции.

„ Технологијата не прави да бидеме не хумани кога веруваме дека животот е трка во која мораме по секоја цена да победиме, кога сме изолирани од се и кога нашиот ум размислува конкурентски, наместо да соработува. Јас мозокот го опишувам како орган чија работа е учењето. Без доволна динамика, тој се фокусира на поединечни сетила и работи кои не се дел од нашиот природен свет“, тврди таа.

За иронијата да биде поголема, едно од решенијата може да биде технологијата за правење на видео игри, која напредува со голема брзина, така да еден ден ќе бидеме во можност да намирисаме дожд во шума или да ја допреме кожата на вонземјаните.

Имплантибилна електроника

Уредите кои можат да бидат вградени во нашите тела не прават помалку човечки суштества, а во некои случаеви стануваме и машини. Првиот пејсмејкер бил измислен во педесетите години на минатиот век, така да ако ги наречеме луѓето со вакви уреди „помалку човечни“ до одреден степен е преагресивно.

Сепак, некои од нас можеби ќе има имплант кој ќе му го подобри видот или ќе има bio-skelet со што би биле посилни. За сто години оваа технологија во голема мера би можела да ја замени човечката анатомија. Д-р Бриџет Дафи која работи во компанијата Vocera прави беzжични комуникатори за болницата.

Во одредени случаи дваесет проценти од оздравените се поради терапиите со лекови или операциите, додека осумдесет проценти од успехот зависи од интеракцијата помеѓу пациентите и докторите. Доколку луѓето се претворат во нешто што е повеќе електронско отколку биолошко, постои загриженост дека таквото општество ќе ги изгуби сите свои карактеристики и емотивни врски.

„Постои нешто во надежта, комуникацијата и довербата  кои го подобруваат исходот. Можете да се потпрете на технолошките резултати, но мора да постои и друга компонента“, смета таа.

Зависност од пребарување

Интернет пребарувањето ни донесе премногу информации кои се наоѓаат под нашите прсти. Но, сепак, пребарувањето може да има негативно влијание врз општеството, доколку тоа ја изгуби моќта за расудување. Технологијата за пребарување еволуира од последните петнаесет годни и никој нема да знае каква ќе биде улогата во наредните 50 до 100 години.

Мет Валерт, научник кој работи за Bing, ја разгледува оваа зависност од пребарување. Вели дека истражувачите се сомневаат дека на човечкиот мозок му се потребни спонтани откритија.

Се разбира, постојат и бројни предности кои се поврзани со достапноста на информациите. Сега сме во можност полесно да учиме и да го прошириме нашето знаење , но и понатаму постои загриженост дека во далечна иднина луѓето ќе ја изгубат способноста сами да носат одлуки и да ги проценуваат добиените информации, така да наместо тоа ќе веруваат во сето она што компјутерите ќе го кажат дека е вистина.

Социјално поврзување

Компјутерската зависност е причина за загриженост. За многу луѓе воопшто не е необично да се поминуваат часови на социјалните мрежи без да се прави пауза, која што е потребна за да се одмори мозокот.

Често посетата на социјалните мрежи може да доведе до негативни споредби со корисниците чиј живот сметаме дека е многу позабавен и поисполнет.

„ Со текот на времето ја губиме хуманоста, бидејќи постојано сме изолирани и немаме никакви повратни емоции, па со текот на времето некои личности може да почнат да чувствуваат депресија“, тврди д-р Синди Бунин, професор кој на родителите им предава за ефектите на технологијата.

Пораки и мејлови

Пораките ја претставуваат моменталната форма на комуникација. Веднаш можеме да преминеме на поентата. На неодамнешната конференција, професорот од МИТ, Шери Туркл зборуваше за тоа како пораките можат да имаат дехуманизирачки ефект. Од друга страна пак, Дафи смета дека докторите најчесто дознаваат за некоја болест кај пациентите врз основа на нивниот израз на загриженост и болка, а не на основа на резултатите од прегледот.

Технологијата треба да ја оставиме да биде користена за она што е наменета, за брза дискусија. Меѓутоа ништо не е подобро од директен контакт, со што би се решиле сите конфликти или би се запознале подобро со некого. И во овој случај видео игрите повторно ја воведуваат промената. Тие сега потенцираат на тимска работа и искуство кое го делат со повеќе луѓе.

Геолоцирање

Сите сме слушнале приказни за возачите кои завршиле во река, бидејќи премногу се потпирале на GPS. Претераното потпирање на GPS доведува до тоа да дозволиме да не води глас, а не нашата интуиција и знаење. Ваквите системи не се лоши, но ни го скратуваат вистинското уживање на патувањата, откривањето.

Луѓето не го вежбаат својот мозокот и не учат од искуствата, туку уживаат во пристигањето до целта. На самиот крај, технологијата ни помага и општеството напредува. Експертите не го спречуваат технолошкиот равој, но во исто време треба да бидеме свесни дека и претераното потпирање на технологиите може да предизвика проблеми.

Извор: techradar.comB92