Дали претприемништвото може да се учи од мали нозе?

Во светот се уште постои голема дебата за тоа дали претприемништвото може да се предава. Иако малкумина ќе бидат успешни како Зукерберг или Гејтс, сепак најмалку што можеме е да ги научиме децата на основните бизнис вештини.

Дали претприемништвото може да се учи од мали нозе?

„The BizWorld Foundation“ е непрофитна организација која ги учи децата од трето до осмо одделение на основните вештини за водење бизнис, како претприемачките вештини и финансиите. Оваа програма исто така ги инспирира учениците да развијат критичко мислење и лидерски способности кои подоцна ќе им помогнат да станат идни иноватори.

Студентите на програмата на BizWorld за дизајн , прават и продаваат бразлетни за пријатели по бизнис модел. Ваквиот производ се покажа дека таргетира одредена возрасна група кај децата , па е добар начин преку него да се учат основите на бизнисот. Инспирацијата на BizWorld доаѓа од бизнисменот Тим Дрејпер, чија ќерка, кога имала девет години го прашала: „Што работиш?“.

Во интервју за  Mashable, Драпер вели: „ Сфатив дека таа нема никакво знаење за тоа што се случува надвор. Па размислив добро, и и реков дека нема да и кажам туку ќе побарам наставникот да ме пушти кај неа на час“.

Потоа Дрејпер предава во училницата кај својата ќерка и прави бизнис симулација од која потоа се поставуваат основите на проектот BizWorld.

BizWorld наставниците можат да имплементираат десет часови програма во една недела, во два дена, во неколку месеци зависно од планот и потребите. Програмата оди чекор по чекор низ претприемничкиот циклус: производство, маркетинг, финансии, промоција и продажба.

Наставниците ги делат класовите во тимови, па секој ученик има водечка улога во компанијата, а процесот тече како во вистинска компанија. Притоа учителот им помага на учениците околу одлуката што е добро, а што нема да постигне успех.

BizWorld програмата сега се проширува со уште две нови програми BizWiz and BizMovie.

Првата е фокусирана на берзата – ги учи децата како да инвестираат, да разгледуваат портфолија и да ги проценуваат инвестициите.

BizMovie пак е слична на BizWorld, со тоа што е креирана во соработка со „National Center for Women and Information Technology“ и ги интегрира компјутерите и анимациите. Студентите учат како да кодираат и прават анимирани филмови , а целата програма се работи на компјутери. И слично како продажбата на пријателските бразлетни, овде целта е да се продаде  филмот на крајот на програмата.

Mashable разговарал и со извршниот директор Таис Резенде, за успехот на програмата кој вели дека во некои училишта резултатите се импресивни.

„Ние правиме евалуација пред и по програмата за оние деца, па во просек 96% од нашите часови им помагаат да ги зголемат своите знаења на бизнисот и претприемништвото, но и за финансиските концепти“, вели тој.

Поради елементот на тимска работа, 97% од BizWorld наставниците велат дека програмата им помага на децата да работат заедно и да бидат тимски ориентирани, нешто за што велат дека е критична вештина во реалниот свет на работните места.”