„Дактили“ преку видео го претстави синглот „Убав ден“  

Групата „Дактили“ го промовираше спотот за песната „Убав ден“, сингл од албумот „Рандом дестинација“.

„Дактили“ е струмички состав кој веќе „нанижа“ повеќе настапи, меѓу кои предничат оние фестивалските, како минатогодишниот „Лузер фест“ во рамките на „Таксират“, потоа на „Опен фест“ во Струмица, фестивалот во Виница итн.

Дактили се „Милан Анастасов“ – вокал, Ставре Ангелаков на гитара, Столе Велков на бас и Душко Манушев на тапани.

Во продолжение, погледнете го видеото за темата „Убав ден“: