Дада Кабаре во Котур

Во сабота, 26 јануари, во скопски Котур е најавена проекција на филмови од германска анимирана авангарда, од 20-те години на минатиот век, придружувани со звучни апстракции на Сецко Сеад Хаџиќ и Петар Христов.

На репертоарот се ставени Ханс Рихтер – Ритам 21, Ритам 23, Филмски вежби; Валтер Рутман – Опус II, Опус IV и Викинг Егелинг -Дијагонална симфонија.

Настанот е во организација на Блендер – фестивал за децентрализирана култура, а филмовите се отстапени од Гете институт. Почетокот е најавен во 20 часот.