Дабстеп екстраваганца викендов во Капан Ан

Дабстеп во Капан АнВо сабота, во Капан Ан гостува швајцарското дабстеп дуо Dubexmachina Soundsystem. Станува збор за артисти, кои го негуваат изворниот звук на жанрот, кој го преплави светот во последниве неколку години. Гајас и Њуком, попознати како Dubexmachina Soundsystem, веќе една деценија ги истражуваат длабочините на ниските фреквенции и магијата на пригушени звуци и хипнотички ритмови на бас музиката.

Дуото има настапи низ цела Европа, како и низ САД. Настапувале заедно со најголемите имиња на изворниот дабстеп: Mala, Kode9, Pinch, 2562, Scuba, Martyn, Shackleton, Kryptic Minds, Dj Chef, Caspa, Vivek…

Дабстеп во Капан Ан

Покрај настапот на Dubexmachina Soundsystem, саботната вечер во  Капан Ан ќе ја збогатат македонските бас артисти Аномалиа Натива, а влезници можат да се купат на врата по симболична сцена од 150 денари.

Дабстеп во Капан Ан

Претставувањето на Dubexmachina Soundsystem од Швајцарија е дел од циклусот гостувања „Три тејковери”, во чии рамки дефилираат шест диџеи, низ три жанра на електронската бас музика – драменбејс, џангл и дабстеп. Заслугата за овој серијал настани, кој го враќа главниот град на Македонија на мапата на европската клабинг сцена – припаѓа на Скопје Вавилон, заедно со организациската логистика на MJM (Macedonian Junglist Movement).