Да се повлечи планот за Мал Ринг од јавна расправа – со допис до Општина Центар реагира советничката Јана Белчева

Независната советничка во Општина Центар Јана Белчева бара повлекување на планот за Мал Ринг, кој е ставен на јавна расправа за идната недела.

Таа упати писмен допис до градоналалникот, советот и Комисијата за урбанизам на Општина Центар со кој бара планот одново да биде стручно разгледан, а анкетата пред јавноста да биде одложена за период по септември, 2020 година.

Белчева се противи на најавата за јавната расправа бидејќи како што вели, тоа се прави сред лето, кога сите очи се вперени кон изборите и новата влада, и при здравствена криза.

„Сметам дека Мал Ринг бара посебно внимание и разработка за да се преобрази во склад со потребите, за да ги надмине неопходните квалитативни и ететски недостатоци утврдени низ бројни студии и анализи“, напиша таа на својот Фејсбук, споделувајќи го испратениот допис.

Фото: Фејсбук/Јана Белчева

Во дописот таа потсети на објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но се уште се дел од планот за Мал Ринг како на пример Шпанските скали, Меморијалниот објект Мајка Тереза, спомениците од Скопје2014, но и објектите во коритото на Река Вардар

Според Белчева, Центар, а особено Мал Ринг се зона во која поради близината на Вардар и климатските промени, може да се случат последици по безбедноста на луѓето, јавните и приватните добра.