„ Да се истрае во кругот“ – изложба на група „МОМИ“

Вечерва во Културно информативниот центар-КИЦ, изложбен салон–Империјал 2, ќе се реализира десетото по ред претставување на група „МОМИ“.

Покана_МОМИ

„Во најновиот проект „Да се истрае во кругот“ (“To Persist in the Circle”) на уметничката група „МОМИ“, составена од седум авторки – Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Ана Ивановска, Маја Кировска, Татјана Ристовска, Марија Сотировска и Кристина Хаџиева, круцијален елемент на интерес е симболиката на кругот, а неговата формална геометриска појавност е само појдовен елемент врз кој се надградува приказната на секоја авторка одделно.

Различните уметнички сензибилитети повторно нудат возбудливи толкувања на дадената тема и се движат од естетски мотивирани размисли за ликовноста на кругот, па сѐ до критика на современoста. Авторките од МОМИ, со изборот на темата „Да се истрае во кругот“, односно кругот како елемент со изразени симболични значења (геометриски, онтолошки, космолошки, еротски, општествени), нудат свои толкувања на универзалните и на вонвременски теми како што се вечните циклични движења, раѓањето, промените…“ вели кураторот на проектот Маја Чанкуловска-Михајловска.

Изложбата ќе биде отворена до 6 октомври.