„Culture Development“ на 5 ноември ќе свират во МКЦ

Составот „Culture Development“ на 5 ноември (вторник) од 21 часот ќе одржат концерт во Младинскиот културен центар.

Триото „Culture Development“ веќе се добро познати на македонската алтернативна музичка сцена. Формирани во 2011 година, Александар Макаловски, Стефан Дојчиновски и Никола Исаиловски досега имаат три албуми, еден сплит со „Фонија“, но и многу домашни свирки и настапи низ Европа.

Актуелни се со темата „За некој друг“.

„Видел нов ден, не му се допаднал. Каков сличен поминал. Не изброил колку пати потежок, надевајќи се дека видел крај.  Крај пак, крај по стоти пат. Уште два дима, па ќе се променам. А, гледам мирис, сенка, прогон. Продолжив поназад, освен време ништо не помина. Се изгуби, се изгубив, никогаш не сфатив што изгубив.
…посакав да проодам, во гадно место задржан. Замор ме претрка. Ко да фалеше помалку – не дојде, дотрча. Ја црпи желбата, барем дава инспирација. Дојде мај, многу луѓе се сменија, по нешто ситно ќе прошета. Си отидоа тие што не треба, сувотија остана. Дур прогледа добри ќе поминат. Се вртат, јас се вадам дека не ми помина. Во двајца полни заблуда и по некоја вистина. Реалност неприродна, полниш плуќа дур си одмагаш“, стои во најавата за концертот.