Денеска до 8 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 15 изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен пожар има во Општина Василево – с. Нивичино, каде има нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во Македонски Брод, пак, активни се два пожари – кај с. Грешница и помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа. Активен е и пожарот кај Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, каде има мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Според информациите на ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Желино – с. Желино кон Еребино, планина Жеден, потоа во Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци, како и Општина Струга – помеѓу с. Октиси и с. Белица.