Црвениот плоштад во Москва ќе биде затворен на Нова година поради безбедносни причини

Московскиот Црвен плоштад, на кој жителите на градот традиционално се собираат на Нова година, ќе биде затворен од 31 декември, објавија денес градските власти.

Полицијата ќе ги враќа сите кои ќе се појават на плоштадот за одбројувањето до полноќ пред саат-кулата на Кремљ, објави началникот на полицијата на Москва, Алексеј Мајоров, на веб страницата на градското собрание.

Москва воведе повеќе безбедносни мерки од терористичките напади во Париз во ноември. Нападите предизвикаа дополнителни грижи после падот на руски патнички авион во Синај, Египет, кон крајот на октомври. Во таа несреќа починаа 224 лица, а Москва официјално ја прогласи за терористички чин.

„Не е тајна дека Москва е посакувана мета за напади од интернационалните терористи“, изјавил градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин порано месецов.

Детектори за метал управувани од обезбедување се инсталирани на влезовите на шопинг центрите, а на паркинзите е дозволено претресување на багажите на сомнителни возила.

Главната зграда на Националната телевизија на Русија е заградена со бодликава жица, а инсталирани се и дополнителни CCTV камери на пешачките зони во Москва.

Извор: Channel News Asia