Црвен крст го продолжи периодот за донации за поплавените до петок

Црвен крст го продолжи периодот за донации за граѓаните од поплавените подрачја до петок, информираат од Црвен крст за „Мета“.

Тоа значи дека со продолжување на акцијата, граѓаните сè уште ќе можат да донираат по 100 денари на телефонските броеви 075/070/077 143 400.

„Има интерес од граѓаните за донирање и не е фер да ги прекинеме линиите“, вели секретарот на Црвен крст, Сузана Тунева-Пауновска.

Кампањата за собирање средства требаше да трае до 21 август, две недели од отворањето на телефонските линии, но уште тогаш беше најавено дека доколку има интерес, ќе се продолжи периодот на собирање донации.