[Фото] Црвен картон за образовните реформи од тетовските средношколци

Со црвени картони во рацете, под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“, тетовските средношколци излегоа на втор протестен марш.

На денешниот протест тие ги повторија барањата на Срдношколскиот пленум за враќање на стариот концепт за полагање на државната матура, како и укинување на екстерното тестирање.

Средношколците се собраа пред Центарот за култура во Тетово. Оттаму тие маршираа по булеварот Маршал Тито,  Илинденска, сè до Работничкиот Универзитет каде се сместени канцелариите на Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и Просветниот инспекторат.