„Црнила remix“ на 27 ноември во МКЦ

За оние што уште не ја гледале, или сакаат пак да ја гледаат претставата „Црнила remix“ ќе се прикажува на 27 ноември во 19 часот во сала „Фросина“ во МКЦ.

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на „Зад Аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата.

Зад идејата и режисерската палка стои Јордан Симонов, а зад музиката и препевот Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“). Улогите ги толкуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

„Претствата првично беше најавена за 20 часот. Но, истата ќе мораме да ја поместиме за еден час порано т.е. ќе започне во 19 часот. Однапред ви благодариме на разбирањето и се извинуваме за оваа промена.
За сите оние кои веќе купиле билет, а новата саатница не им одговара – ве молиме да ни пишете на info@mkc.mk“, информираат од МКЦ.