„Creative Exchange“- викендов во Скопје

Викендов во Скopje се организира шестиот „Creative Exchange “ настан каде ќе се говори за типографија и „hand lettering“.

„Creative Exchange Meet up“ Настанот ќе се одржи во Кинотека на Македонија. Во недела (1 јуни) на „Creative Exchange Meet up“ од 15 до 18 часот своја презентација на тема типографија ќе има познатиот македонски типограф Ласко Џуровски. Во сабота од 10:30-14:30 и недела од 10:30-12:30 е најавена бесплатна „hand lettering“ работилница, водена од страна на Тамара Пешиќ, каде учесниците ќе се запознаат со техниката на рачно испишување на зборови. На шестиот „Creative Exchangе“ и повеќе млади дизајнери ќе добијат можност да го претстават своето портфолио.

За време на „Hand Lettering работилницата“ секој учесник ќе добие по една реченица и карактеристики кои треба да бидат доловени со типографијата. Почетните скици се изработуваат рачно, а учесниците потоа ќе бираат како ќе го престават крајниот резултат (преку целосно рачно изработено дело, компјутерски едитирано, скулптурално, итн.)Целта е на овој начин учесниците да согледаат како различните пристапи кон типографијата може да се користат за пренесување на една точна порака.

Заинтересираните за учество на „Creative Exchange Meet up“ треба да се регистрираат најдоцна до први јуни преку сајтот www.cx.mk.