#COP25: Музејот Прадо ја користи уметноста за да посочи на последиците од климатските промени

Светскиот фонд за природа и музејот Прадо во Мадрид ги здружија силите за да го вклучат алармот за влијанието на климатските промени, додека политичките лидери и дипломати се состануваат на Самитот за климатски промени на Обединетите Нации.

Оригиналната слика е на ументикот Диего Веласкез. Преработената верзија го отсликува проблемот со покачувањето на нивото на морето.

Заеднички избраа четири ремек-дела од колекцијата на музејот за да ги потенцираат последиците врз животната средина од различните феномени поврзани со климатските промени.

Франциско Гоја – преработената верзија зборува за социјалните последици врз климатските бегалци.

Инаку, конференцијата требаше да се одржи во Чиле, но беше откажана од страна на владата, поради граѓанските немири коишто се случуваат последните недели, па затоа годинава домаќин е Шпанија. Таа започна пред три дена, а ќе трае до 13-ти декември.

Јоахим Патинир – преработената верзија е илустрација која го прикажува влијанието на екстремната суша врз реките и земјоделските култури.

Земјите преговараат за амбициозни планови за ограничување на глобалното затоплување во согласност со Парискиот договор.

Хоакин Сороља – преработената верзија го отсликува изумирањето на видовите