Converse Rubber Tracks – можност за неафирмираните бендови во регионот

Светски признатата програма, која за прв пат доаѓа во овој регион, Converse Rubber Tracks, го отвора конкурсот за бендовите од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина со цел да им даде можност на неафирмираните бендови да снимаат во професионални студија, под будното око на домашни и странски продуценти кои доаѓаат од Њујорк и од Converse Rubber Tracks од студиото во Бруклин.

Млади неафирмирани бендови од регионот со можност да снимаат во профеионални студија

Активностите во регионот започнуваат од овој месец и ќе траат се  до мај, следната година.

Во рамките на  Converse Rubber Tracks на сите заинтересирани посетители ќе им биде овозможено да присуствуваат на забавани и едукативни музички работилници, кои на различни теми, ќе ги држат најеминентни домашни и странски продуценти.

Работилниците ќе се одржат во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сплит, Сараево и Бања Лука. Првата работилница ќе се одржи во Белград на 15 ноември, а местото и датумот за останатите работилници ќе бидат дополнително објавени.

По одржувањето на работилниците, во март следната година следува пријавувањето на бендовите и гласање. Сите заинтересирани бендови, без разлика на жанрот, ќе можат да се пријават со пополнување на онлајн апликација.

Во најтесен избор ќе влезат 15 бендови од кои потоа, стручно жири ќе ги избере седумте најдобри. Овие бендови ќе добијат прилика да снимаат во професионални студија во Србија. Музичарите во студијата ќе поминат доволно време за создавање нов материјал, а потоа го задржуваат целото право на својата музика.

Натпреварот Converse Rubber Tracks до сега е одржан во Соединетите Американски Држави, Бразил, Шпанија, Германија и Холандија. Converse Rubber Tracks им даде можност на повеќе од 500 музичари да го доживает единственото искуство снимајќи во врвни професионални студија со тим од искусни продуценти. И сето тоа без ниеден трошок.

Програмата Converse Rubber Tracks настана од желбата на брендот Converse да обезбеди проект преку кој младата музичка заедница на Балканот ќе има можност да ја исполни својата креативност.