„Conquering Lion“ со концерт во МКЦ ќе прослави 12 години постоење

На 13 април во МКЦ ќе се одржи концерт на тетовскиот даб-реге-кросовер состав „Conquering Lion“, кои ќе го одбележат својот 12-ти роденден.

„Conquering Lion“ своето творештво го започнува во април 2007, а досега ги издаде албумите „I“,„Know Your Wisdom“, „Revelation” и „Land Of Confusion“, кој беше номиниран на листата за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа „Reggaeville“.

Моментално „Conquering Lion“ работат на својот 5-ти студиски албум.

Досега, покрај настапите низ Македонија, бендот имаше концерти и во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија…

Како специјални гости на настанот ќе настапат и реге артистите Samity (Rice and Peas) и Kappa Irie (Zionlionz SS) од Бугарија.

Домашна поддршка се основачите на Funku Fresh – DJ Гоце и DJ Чваре.

Почеток на настанот е во 21 часот. Влезниците се по цена од 300 денари во претпродажба и 400 денари на влез само на bилетарница на МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.