Colin Trevorrow е режисерот на деветата епизода на Star Wars, фановите се скептични

Неодамна Walt Disney Studios објави дека нов тематски парк инспириран од филмот ќе се гради на две локации, а се планира и ново продолжение на серијалот, меѓутоа со нов режисер.  Третата епизода од новата трилогија ќе ја режира Colin Trevorrow, режисерот на Jurassic World.

Оваа вест ги изненади фановите и голем дел од нив се скептични околу тоа дали овој режисер ќе успее да ја долови приказната. Други пак, потсетуваат дека истата реакција ја имало и кога J.J. Abrams беше прогласен за режисер на серијалот.

Trevorrow стана познат по режирањето на филмот Safety Not Guaranteed, а потоа се вклучи во создавањето на мега хитот Jurassic World, кој е со најголема заработувачка во светот.

По објавување на веста дека ја презема улогата на режисер, тој изјави:

„Ова не е работа или задача. Тоа е место во логорски оган, опкружен со извонредна група на раскажувачи, режисери, уметници и занаетчии. Ние сме одговорни да раскажуваме приказни на помладата генерација, бидејќи тие го заслужуваат она што го имавме, митологија која можат да ја наречат своја. Ние ќе го направиме ова преку претставување она што George Lucas го внел во нас – неограничена креативност, чиста фантазија и надеж“.

Неговата работа треба да биде завршена до 20149 година.