Code App, Level Up 2 – интернационална работилница за мобилни апликации

Дали некогаш сте имале потреба од мобилна апликација која ја нема на вашиот уред и ја нема на пазарот ? Дали сметате дека можете да креирате апликација која веќе постои ја има на пазарот, но вие ќе ја направите уште подобра? Ако одговорот е ДА, време е да се пријавите и да станете дел од следната работилница.

Code App, Level Up 2 - интернационална работилница за мобилни апликации

Code App, Level Up 2 претставува напредна интернационална работилница од областа на мобилни апликации. Годинава е организирана по втор пат од страна на студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје како организатор и студентскиот парламент на ФИНКИ како ко-организатор.

Самата работилница ќе биде составена од следните модули:

– Развој на мобилни апликации: Го опфаќа делот со кодирање на Андроид или iOS мобилни апликации. Учесниците ќе имаат можност да научат напредни вештини за кодирање, како и некои трикови кои ги користат успешните програмери.
– Дизајн на мобилни апликации: На секоја апликација и е потребен убав кориснички интерфејс. Во оваа работилница, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со концептите за дизајнирање на убав и практичен кориснички привлечен интерфејс.
– Претприемништво:Најважен дел за секој програмер: „Го имам продуктот, како сега да го продадам?“. Учесниците на оваа работилница ќе подготвуваат стратегии за тоа како да го продадат нивниот продукт како најуспешен, како да ја победат конкуренцијата и како нивниот продукт да опстане што подолго актуелен на пазарот.

Настанот ќе се одржи во текот на една недела, од 8 до 15 декември. Работилницата ќе биде одржана во просториите на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство, кој е домаќин на настанот.

Секој учесник ќе има можност сосема бесплатно да ги следи напредните работилници од избраниот модул. Пријавувањето можете да го направите на официјалната веб страна на настанот до 29.11.2014.