Cirque du Sziget

Од оваа година фестивалот Сигет воведува уште една сцена која ќе ја збогати програмата. Cirque du Sziget ќе биде домаќин на величествени циркус продукции, како и импресивни претстави на млади унгарски акробати специјално креирани за фестивалот.

 

Fruzsina Szép, програмскиот директор на Сигет, изјави: „Нашата публика и досега имаше можност да се забавува со најразлични акробатски претстави, но од оваа година овие продукции ќе имаат своја посебна локација, токму поради големото внимание кое го предизвикуваа кај посетителите. Нашата идеја е секој ден на една иста локација да имаме сè што се подразбира под циркуско шоу.”recirquel_550

Cirque du Sziget ќе има визуелни ефекти кои ќе ни ја доловуваат атмосферата на патувачките циркуси во деведесеттите години на 19 век, а изведбите ќе бидат од жанрот на најсовремениот циркус популарно познат под името nouveau cirque.
Во раните утрински програми ќе има интерактивни програми, каде што секој ќе има можност да си ги испроба сите циркуски направи. Попладневните часови се резервирани за младите штотуку дипломирани акробати, а пак во вечерните часови ќе не забавуваат Recirquel, зачинети со магијата и театарот на акробатите што го одземаат здивот.
Деновите на новата локација ќе завршуваат со Swing & Circus, односно мешавина на свинг, електро-свинг, танц и циркус, сè во едно. Немојте да бидете изненадени ако полуголи трапез артисти прелетуваат над вашите глави.

Николај Митрески