Цирих најскап град за живеење, Скопје меѓу најевтините

Швајцарските градови предводат во најновата ранг листа на најскапи градови за живеење во светот и во Европа, покажува новиот инфографик на Expatistan. Цирих и Женева се двата најскапи градови, по што следува Лондон, а на четврто место е швајцарскиот град Берн.

Македонскиот главен град Скопје пак, се наоѓа меѓу најевтините, или на 76 место во Европа од вкупно 87 градови вклучени во рангирањето, додека на светско ниво, Скопје се најде на 183 место од вкупно 202 градови.

Од балканските градови, поскапи во однос на Скопје, на европско ниво се Љубљана, потоа следуваат Атина, Сплит, Загреб, Дубровник, Подгорица, Задар, Ријека, Белград и Сараево. Поевтини во однос на главниот град се бугарската престолнина Софија и Нови Сад.

Наспроти најскапите градови за живот, на дното на листата се најдоа индискиот град Мадрас и главниот град на Молдавија Кишинев.