Cinedays: „Љубов“ на Гаспар Ное и концерт на „SUUNS & Jerusalem In My Heart“

Вечерва во кино „Милениум“ во рамки на фестивалот „Синедејс“ ќе се прикажуваат филмските остварувања „Аферим“ на Раду Јуде и „Љубов“ на Гаспар Ное.

Од Официјалната програма, во 19 часот во кино Фросина ќе се прикаже „Коза“ за поранешен олимписки боксер, кој по долга пауза се враќа во рингот, каде што успехот не се мери во победите, туку во тоа колку повеќе удари може да издржи. Од 21 часот пак, ќе игра „Претстапници“ на Хелен Валш, за девојка принудена да се грижи за своето дисфукнционално семејство коешто живее на еден трошен имот во напуштениот дел од градот.

Како дел од програмата за музички документарни филмови, во џебното кино, од 20 часот ќе се прикажува американскиот „Денови на салата: една декада панк во Вашингтон“, додека од 18 часот ќе се прикажува „Привидение“, во рамки на програмата Земја во фокус: Иран.

Вечерта ќе заврши со настап на канадскиот бенд „SUUNS & Jerusalem In My Heart“, во 22:30 часот во МКЦ. Билетите за нивниот концерт чинат 200 денари.

Целиот распоред за денешните проекции може да ги погледнете овде.