Циклус домашни филмови низ девет градови низ Македонија

Во центрите за култура низ Македонија од вечерва ќе се прикажуваат циклус домашни играни филмови. Проектот „Денови на македонскиот филм“ го организира Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје, со поддршка на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

Проектот стартува вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со проекција на македонската малцинска копродукција „Банат“ во режија на Адриано Валерио.

„До 20 септември предвидено е да бидат прикажани вкупно шест филмови мнозински и малцински македонски копродукции. Сите љубители на филмската уметност бесплатно ќе можат да ги проследат филмовите“, велат од МЗФП.

„Денови на македонскиот филм“ годинава ќе се одржат по прв пат како дел од заложбите на МЗФП за промоција на македонската кинематографија.

Целата програма:

Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга:

14.09.2018 – „Банат“ во режија на Адриано Валерио
16.09.2018 – „Златна петорка“  во режија на Горан Тренчовски

Центар за култура „Ацо Шопов” во Штип: 17.09.2018 – „Уставот на Република Хрватска“  во режија на Рајко Грлиќ

Центар за култура „Трајко Прокопиев“ –  Куманово:
17.09.2018 –  „Скршено“ во режија на Едмонд Будина  и „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски

Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш:
18.09.2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски
21.09.2018 – „Височините“ во режија на Виктор Божинов

Дом на културата „Наум Наумоски Борче“ – Крушево:
18.09.2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски
20.09.2018 – „Уставот на Република Хрватска“  во режија на Рајко Грлиќ

Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино:
19.09.2018 – „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски
20.09.2018 – „Златна петорка“  во режија на Горан Тренчовски

Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар :
19.09.2018 – „Височините“ во режија на Виктор Божинов
20.09.2018 – „Скршено“ во режија на Едмонд Будина

Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија:
19.09.2018 –  „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и „Златна петорка“  во режија на Горан Тренчовски

Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево:
20.09.2018 – „Уставот на Република Хрватска“  во режија на Рајко Грлиќ
21.09.2018 –  „Скршено“ во режија на Едмонд Будина