Циклон уби девојче во Индија, принудено да спие само бидејќи имало менструација

Селаните од јужната држава Тамил Над во Индија жалат поради смртта на 14-годишно девојче кое почина во циклонот Гаја, откако била принудена да спие одделно, бидејќи имала менструација.

Нејзиното семејство, за ББЦ вели дека била потрупана во колибата во текот на циклонот. Дел од селаните сметаат дека ова е “повик за будење”, поради вообичаената практика на изолација на девојчињата во текот на месечниот циклус. Циклонот Гаја усмрти најмалку 46 лица во крајбрежната држава.

Менструацијата е табу тема во рурална Индија. Жените, традиционално се верува дека се нечисти во текот на нивниот месечен циклус.

Семејството на девојчето, живее во куќа до колибата, но тие ја преживеаја бурата. Нејзината баба, изјави дека не можела да ја спаси откако врз колибата паднало кокосово дрво. Таа рече дека родителите знаеле дека циклонот се приближува, но не можеле да ја остават на друго место, затоа што живееле во кокосовата шума, далеку од остатокот од селото, познато како Анаикуди.

„Им реков да ја одведат на друго место, но за неколку часа циклонот го погоди местото и не можевме да се движиме никаде”, изјави таа. „Ние сме уништени. Кога го видовме дрвото, ја изгубивме надежта. Чекавме селаните да ни помогнат да го отстраниме дрвото и да ја извлечеме од колибата”.

Таа додаде дека ја однеле во болницата, но лекарите велат дека починала пред неколку часа и ја прогласила за мртва при пристигнувањето.

Локалните активисти додаваат дека и богатите и сиромашните семејства ја следеат традицијата на присилување на девојките да спијат посебно додека имаат менструација. Циклонот Гаја корнеше дрвја и уништи повеќе од 80.000 хектари земјоделско земјиште во 12 различни области, според официјалните проценки. Рибарските бродови во областа се уништени и многу домови во крајбрежните села се поплавени од морската вода.