ТВ и радио водителот Chris Evans ќе го замени Jeremy Clarkson како главен презентер на сите нови епизоди од шоуто „Top Gear“, објави BBC. Тој изјави дека е воодушевен што ја добил оваа работа.
„Ветувам дека ќе направам се што можам за да го испочитувам она што било претходно и да го предводам шоуто напред“, вели тој.
Clarkson доби отказ во март, откако удри продуцент за време на снимање. По инцидентот и суспензијата од две недели што тој ја доби од BBC, на интернет беше покрената петиција со барање тој да се врати на популарната емисија, која ја потпишаа повеќе од милион луѓе.
Автомобилскиот ентузијаст Evans, кој потпиша тригодишен договор со BBC се очекува да го замени неговиот пријател Clarkson, иако претходно инсистираше дека не бил заинтересиран. Според најавите, во новите продолженија на шоуто нема да бидат вклучени ко-водителите Richard Hammond и James May.