Човечки синџир против нуклеарните централи во Белгија

Педесетина илјади лица вчера излегоа на протести со барање Белгија да престане со експлоатацијата на две нуклеарни централи.

Загрижени за безбедноста, демонстрантите од Германија, Белгија и Холандија, формираа синџир од луѓе околу местото каде што се среќаваат границите на трите држави.

Учесниците на протестот се загрижени за безбедноста на резервоарите под притисок во нуклеарните реактори Тијанж 2 и Доел 3 во Белгија.

 

Германија, која планира да ги згасне сите свои нуклеарни реактори до 2022 година, е загрижена поради нуклеарните капацитети надвор од својата земја.