Членовите на Ротари клубот – редовни гости во „Незадолжителна лектира“

Со цел да им се помогне на младите во нивната професионална ориентација, но и со добрите и лоши страни на различни професии, членовите на Ротари клуб – Камени Мост – Скопје во периодот што следи ќе бидат редовни гости во емисијата што ги носи изборот на идната професија, во емисијата „Незадолжителна лектира” .

Членовите на Ротари клубот - редовни гости во „Незадолжителна лектира“Она што е познато е фактот дека во Ротари клубовите, како во земјава, така и во светот, членуваат видни граѓани, мажи и жени лидери во својата професија.

„Водени од ова, нашата главна цел преку оваа соработка е претставување на позитивните и негативните страни на една професија, како и начините на кои ротаријанците стигнале до таму кадешто се денес. Во секоја емисија на „Незадолжителна лектира” ќе  гостува по еден член на Ротари клубот Скопје, кој ќе зборува за полето на кое делува, ќе ја претстави состојбата во којашто се наоѓа таа гранка и ќе подели и по некој совет за младите заинтересирани да станат дел од таа сфера“, истакнуваат авторките на емисијата кои ги охрабруваат слушателите да поставуваат прашања на хаштагот #НезадолжителнаЛектира ( на Фејсбук и Твитер).

Незадолжителна лектира” се емитува секој четврток во 20 часот.