Членови на ирански метал бенд се затворени поради нивната музика, им се заканува егзекуција

Членовите на иранскиот метал бенд Confess се затворени од страна на Армијата на чувари на исламската револуција порани нивната музика, пренесуваат дел од локалните медиуми. Овие музичари биле во затвор уште во ноември минатата година, во озогласениот затвор во Евин, каде најчесто се испраќаат политичките затвореници, а минатата недела биле ослобедени со кауција од 33 000 долари. Локалните медиуми пренесуваат дека членовите на бендот се уште се задржани во истражниот затвор.

Тие во моментов се соочуваат со обвиненија за богохулење, реклама против системот, формирање и водење на нелегален и андерграунд бенд, сатанистички песни со атеистички, политички, анархистички текстови и давање интервјуа за забранети странски радио станици. За ова, тие би можеле да лежат затвор од шест месеци до шест години, па дури и да бидат егзекутирани, ако се прогласат виновни за богохулење.

Неодамна, реагираше и метал заедницата која преку отворено писмо зборува за предизвиците со кои се соочува еден метал бенд на Блискиот Исток.

„Во име на бендот Confess, го пишувам ова со надеж дека ќе биде споделено. Многу пати зборував во врска со опасноста да се биде музичар во метал бенд од Блискиот Исток. Често го користам примерот со Confess кога ги опишувам проблемите со кои би се соочил некој што свири. Тие се талентиран треш бенд, кои ризикуваат се поради тоа што ги следат нивните соништа и надеж еден ден да ја напуштат државата и да ги споделат нивните музички приказни со светот. Поради нивното религиско владеење, многу земји во Блискиот Исток гледаат на рок и метал музиката како на ѓаволка музика. Во многу случаи, музичарите или оние кои слушаат ваков вид на музика се затвораат, а понекогаш и се егзекутираат. Отсекогаш сум се плашел дека бендовите што ги промовирам од таму ќе завршат во ваква позиција“, се вели во отвореното писмо.

Голем број на луѓе, преку своите Твитер профили им ја даваат својата поддршка на бендот, користејќи го хаштахот #freeconfess.