[Обновено] Двете членки на „Пуси рајот“ ослободени од затвор

Двете членки на „Пуси рајот“, Марија Аљохина и Надежда Толоконикова денеска се пуштени од затвор, врз основа на амнестијата за привремено ослободување.

[Обновено] Двете членки на „Пуси рајот“ ослободени од затвор

Веднаш по ослободувањето од затворот во сибирскиот град Краснојарск, Толоконикова гласно извика „Русија без Путин!“, објави Гардијан.

Само неколку часа претходно од друг затвор беше ослободена Марија Аљохина  која рече дека нивното ослободување е направено само заради публицитет и додаде дека повеќе би сакала да остане во затвор.

Членката на „Пуси рајот“, Марија Аљохина ослободена од затвор

„Мислам дека ова не е амнестија, туку сквернавење“, рече Аљохина во изјава за руската телевизија „Доџ“, додавајќи дека амнестијата се однесува само на мал број затвореници.

Членките на Пуси Рајот беа осудени на неколку годишни затворски казни поради протест против рускиот претседател Владимир Путин во една московска црква.