Член на Daft Punk напиша музика за акциски филм со Mike Tyson

Еден од членовите на дуото Daft PunkGuy-Manuel De Homem-Christo, напиша музика за алжирскиот филм „Gates of the Sun“ (оригинален наслов “Algérie pour toujours” – „Алжир засекогаш“), во кој една од улогите ги толкува поранешната боксерска ѕвезда Mike Tyson.

Филмот, според IMDB, е за „алжирски таен агент кој мора да уништи тајна паравоена организација што планира напади врз земјата и нејзиниот народ“.

Според информациите, музиката на De Homem-Christo се појавува во последната сцена од филмот, а на шпицата ќе биде потпишан како Le Knight Club, што е негова паралелна група во која членува заедно со Eric Chedeville.

Еве го трејлерот за овој филм: