!!! (Chk Chk Chk) доаѓаат на „Здраво млади“!

!!! (Chk Chk Chk) доаѓаат на „Здраво млади“!

Американскиот денс-панк бенд !!! (Chk Chk Chk) ќе гостува на чевртото издание на фестивалот „Здраво млади“ , кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 23 мај, соопштија организаторите.

Групата лани го издаде изворедниот албум „Thr!!!er“, кој беше прогласен и за албум на годината во изборот на музичкото радио Канал 103.

Здраво млади – „фестивал на нова музика“ донесе значајна свежина во скопскиот културен живот – во досегашните три изданија гостуваа одлични артисти, од кои многумина за првпат во Скопје: Matias Aguayo, Rebolledo, No Age, Rashad, Spinn, Handsome Furs, Bomb The Bass, Obojeni Program, како и редица млади домашни и странски артисти.