Читање и учење математика во Детскиот креативен центар

Во текот на месец декември, Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ организира три саботни активности во Детскиот креативен
центар при МКЦ – Скопје, каде преку игра децата ќе читаат и учат математика на следните дати:

– 13.12.2014 од 12:00 – 13:00 часот
– 20.12.2014 од 12:00 – 13:00 часот
– 27.12.2014 од 12:00 – 13:00 часот

Настанот е наменет за ученици на возраст до 10 години, како и за возрасните кои би сакале да го посетат центарот и да се забавуваат со активностите за поттикнување на јазична и математичка писменост кај децата. Сите посетители ќе имаат можност да ги користат ресурсите и активностите кои се достапни во центарот, како што се: библиотека со детска литература, џиновски сликовници, компјутери и интерактивни табли, математички игри, катчиња за читање, ликовно атеље и многу други.

Во периодот на активноста, влезот во Детскиот креативен центар ќе биде бесплатен за сите посетители. За време на посетата на Детскиот креативен центар, сите деца задолжително треба да бидат во придружба на родител или друго одговорно лице.

Детскиот креативен центар е обновен и опремен во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Центарот се наоѓа на првиот кат од Младинскиот културен центар, кеј Димитар Влахов бр. 15, 1000 Скопје.

За повеќе информации и организирање индивидуални и групни посети, заинтересираните може да се обратат во Младинскиот културен центар или до Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Работно време на Детскиот креативен центар е од вторник до петок од 9:00 до 12:00 часот и од 16:00 до 20:00 часот, како и сабота од 11:00 до 20:00 часот.