Чистење на отпадоци попладнево на Матка

Движењето за едукација и унапредување на дијалогот Леад попладнево спроведува акција на чистење од отпадоци на Матка во Скопје, под мотото „В џеб, ако нема каде друго!”. Акцијата започнува во 17 часот , со собирно место на последна станица на автобусот 60.

„Ги повикуваме граѓаните на Скопје да ни се приклучат на акцијата. Неколку формални и неформални групи, како и поединци, веќе најавија дека ќе бидат дел од акцијата“, велат од Леад.

Ова ќе биде втора од планирани седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината, во наредните седум месеци. Ова е втор проект од втората фаза на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“. Првата беше реализара на Водно во текот на минатата година.

Покрај расчистувањето на локациите, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина, велат активистите.