Чистачи по грешка фрлиле уметничка инсталација, им личела на ѓубре

Чистачи од Музејот на модерната уметност во Болзано, Италија по грешка отстраниле уметничка инсталација додека чистеле за викендот, бидејќи им личела на ѓубре. Инсталацијата прикажувала сцена од она што останало по луда забава – празни шишиња, декорации и конфети.

Делото на уметничкиот колектив „Goldschmied & Chiari“ од Милано насловено „Каде ќе танцуваме вечерва?“, галеријата го опишува како совршена метафора за осумдесетите.

Инсталацијата е видлива само кога музејот е затворен, во темно, за посетителите да го почувствуваат ефектот после забава. Галеријата соопшти дека инсталацијата набрзо повторно ќе биде поставена.