Чилиманов, Димишкова, Костовски и Трпеноски се партиските кандидати за ад хок телото на медиумите

Слаѓана Димишкова од дневниот весник „Вест“, Цветин Чилиманов од новинската агенција МИА, Горан Трпеновски, исто така, од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“ се четворицата кандидати за ад хок телото, кои ги предложија партиите.

Димишкова и Чилиманов се предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, додека Трпеновски и Костовски се по предлог на СДСМ.

Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да има пет члена. Петтиот член треба да го договорат четворицата партиски претставници, а директорот на агенцијата да го назначи најдоцна 15 дена по нивното именување.