Чиле на пат да стане првата јужноамериканска земја што забранува пластични кеси

Политичарите во Претставничкиот дом на земјата со големо мнозинство гласаа да се донесе закон кој ќе стапи во сила за време од една година за трговците на мало, а за две години за помалите бизниси, објави Индепендент.

Вкупно 134 гласаа „за“, а имаше само еден воздржан. Со тоа, Чиле треба да стане првата земја од Јужна Америка што забранува пластични кеси.

Според националниот весник „La Tercera“, предлог-законот сега треба да се достави до Домот на пратениците за да биде формализиран.

Поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет, прво ја објави идејата додека се обраќаше пред Генералното собрание на Обединетите Нации минатиот септември.

„Ние ќе го претставиме предлог-закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси во крајбрежните градови во текот на наредните 12 месеци“, рече таа.

Сегашниот претседател на Чиле, Себастијан Пињара, реле дека првичниот предлог би се проширил, за да се применува низ цела земја.

„Ние презедовме фундаментален чекор да се погрижиме за Чиле и Планетата. Денес сме подготвени да им оставиме подобра планета на нашите деца, внуци и генерациите што доаѓаат“, напиша тој на Твитер.

Секретарката за животна средина, Маркела Кубилос, исто така, објави: „Ви благодариме што го поддржавте овој прв чекор за борба против загадувањето со пластика“.