Чевли кои растат и до пет броеви наменети за најсиромашните деца во светот

Понекогаш дури и наједноставната иновација може да промени милиони животи. Тоа е целта на чевлите што растат, сандали кои ги патентираше Кентон Ли, а кои може да ја прилагодат својата големина и треба да помогнат на сиромашните деца да не одат боси.

Чевлите доаѓаат во мали и големи димензии, а можат да растат до пет броеви и да траат најмалку пет години.
„Постојат над 300 милиони деца кои немаат чевли, а бројката на оние кои носат помал број е далеку повисока,“ вели Кентон.

Децата без чевли се подложни на повреди и паразити со кои се заразуваат преку нивните стапала. Проблемот со донирање на обични чевли е голем, но со овие растечки чевли би можел да биде надминат, јавува „BoredPanda“