Чевла на француската кралица Марија Антоанета продадена за повеќе од 40.000 евра

Бела свилена чевла која и припаѓала на француската кралица Марија Антоанета вчера беше продадена на аукција за 43.750 евра, односно, четири пати повеќе од очекуваното, јавува „Еуроњуз“.

Чевлата со потпетица од 4.7 центиметри и должина од 22.5 центриметри, денес би била приближно со големина на чевли кои одговараат со бројот 36.

Чевлата била предадена на пријателката на личната собарка на кралицата која почина во 1816 година, а оттогаш ја чувало нејзиното семејство.

Аукциската куќа „Осенат“ очекуваше чевлата да достигне цена од 8.000 до 10.000 евра.

Марија Антоанета беше обезглавена во 1793 година, односно девет месеци откако нејзиниот сопруг Луј XVI беше сменет за време на револуцијата од 1789 година.