Четвртото издание на Меѓународниот саем на пронајдоци, иновациии и нови технологии ќе се одржува онлајн

Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува сите домашни пронаоѓачи и иноватори да се пријават за учество на Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020.

Поради состојбата со Ковид-19 пандемијата, Саемот ќе се одржи онлајн од 9 до 11 ноември.

Минатата година на саемот учествувале 20 земји со вкупно над 100 патентирани пронајдоци, а оваа година се очекува да учествуваат повеќе од 25 земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата, велат организаторите.

„Не пропуштајте ја приликата да ја претставите својата иновација пред целиот свет!“, стои во повикот за настанот.

На 11 ноември на веб-страницаta www.naim.mk ќе биде објавен официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и иновации, заедно со наградените добитници. Наградите се златни, сребрени и бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин.

Крајниот датум за пријавување е 31 октомври 2020. Учеството на ИНОВАМАК 2020 е бесплатно.

Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата објавена на www.naim.mk . Дополнителни информации на dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com или на тел. 075-376-831 и 075-228-344.