„Четврток“ на Милчо Манчевски на фестивал во Драма

Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски ќе учествува на 37. Меѓународен фестивал за краткометражни филмови во Драма, Грција, на 19 септември кој годинава е посветен на прашања за насилство и трговија на деца, грижите кои произлегуваат од современата општествена реалност и економска несигурност.

 Милчо Манчевски со филмот „Четврток“ ексклузивно на јубилејниот фестивал во Венеција

„Четврток“ беше снимен во Њујорк во 2013 година, премиерно беше прикажан на отворањето на минатогодишниот Венециски филмски фестивал во програмата „Venice 70 – Future Reloaded”, каде што 70 реномирани режисери беа поканети од самиот фестивал да изработат краткометражни филмови со кои се одбележа 70-тото издание на фестивалот.

Филмот на Манчевски освои награда во финалето на филмскиот фестивал УСА во Далас, Тексас, а досега е прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Пауло, Бразил, на RAI Movie, канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, на „Интерфилм“ во Берлин, во киносалите во Германија, на „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск…

Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.