„Четврток“ на Манчевски во трка за Оскар

Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски, влезе во финалето на американските квалификации за учество во трката за Оскар. Филмот како американска продукција, ќе учествува на државниот натпревар за најдобар краткометражен филм на 44-тото издание на „УСА филм фестивал“, во Далас, Тексас, пренесе МИА.

„Четврток“ на Манчевски во трка за Оскар

„Четврток“ е снимен во Њујорк во 2013 година, а беше премиерно прикажан на отварањето на Венецискиот филмски фестивал на 28 август истата година, како дел од програмата „Venice 70 – Future Reloaded“. Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.

Последниот филм на Манчевски беше прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Пауло Бразил, RAI Movie канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, Интерфилм во Берлин, во кино-салите во Германија, „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск, и други.