Четврто издание на транс фестивалот „△O – Зора“ во Делчево

Традиционално, за втори август по четврти пат во селото Стар Истевник, во Делчево ќе се одржи транс фестивалот на електронска музика „△O – Зора 2014“.

unnamed

Според организаторите фестивалот, кој оваа година има сликовито име „△O – Зора 2014“, ќе биде вистинско звучно и визуелно доживување кое ке остане запаметено во овој регион. Најавено е ефективно озвучување од околу 12 GW со флуоресцентен декор и впечатлива сценографија. Свој настап ќе имаат младите диџеи : DJ Djantrix, Agarta, Electronicmau5, Fractal Dimension, Alnilam, Ram Ham, Vonuan ikog и Stefanstral Goatron.

Природниот амбиент на делчевското село Стар Истевник, отвореното ѕвездено небо и свежиот воздух се предизвик сами за себе, истакнуваат организаторите. За потребите на фестивалот, за публиката ќе бидат испечатени маички со фестивалското лого кои ќе можат да се набават по промотивни цени.

Фестивалот е бесплатен и отворен за сите љубители на транс музиката.