Четврто издание на фестивалот „Панк Рок Холидеј“

За само 3 години, Панк Рок Холидеј стана еден од најпознатите и најочекуваните настани во Европа и е најголемиот панк-рок фестивал во регионот, кој одржува на сливот на реката Tолминка и Соча река во Tолмин, Словенија.

Четврто издание на фестивалот „Панк Рок Холидеј“

Годинава по втор пат доаѓаат N.O.F.X.и Sick of it all, a програмата ја збогатија уште неколку големи панк рок бендови – H20, Lagwagon, Ignite и Reel Big Fish. Фестивалот има две сцени, на главната сцена ќе настапуваат и A Wilhelm Scream, August Burns Red, The Real McKenzies, Raised Fist и The Toasters, додека на малата сцена покрај плажата ќе настапуваат повеќе од дваесет млади бендови од регионот и Европа.

Уште од првата година фестивалот привлече посетители од соседните земји додека оваа година веќе се најавени посетители од  цела Европа, а со очекуваат дури и од САД. Како звучни имиња на преходните три изданија на овој фестивал, на сцената веќе   настапуваа Anti Flag, Тhe Toy Dolls, The Bouncing Souls и Bad Religion

Најзвучно име пак на фестивалот оваа година е NOFX, кои настапија во август 2011.

NOFX е основан во Калифорнија, и иако е изменет во текот на годините, од 1991 година, бендот се состои од „Фет” Мајк – вокал и бас гитара, Арон „Ел хeфe” на гитара, Ерик „Миризливиот” Сандин на тапани и Ерик Мелвин на ритам гитара. Најголемата популарност ја доживеа во средината на 90-тите со својата мешавина на панк рок, скејт панк и ска елементи и до сега немаат потпишано договор со ниедна голема издавачка куќа. Свирење на музика “за забава”, а не од потреба, така се признати од страна на публиката во целиот свет, а без поддршка на мејнстрим медиумите имаат стекнато огромна популарност и досега имаат продадено повеќе од 6 милиони албуми.

Водечките принципи на бендот до денешен ден не се променети, па така на концертот во Толмин фановите можат како и секогаш од нив да очекуваат добар звук, енергија, шаренило и забава.