Четврти Студентски пленум во Битола

Утре (среда, 3 декември), со почеток од 12 часот пред Педагошкиот факултет во Битола, ќе се одржи четвртиот по ред собир на студентите против воведувањето на државен испит на државните и приватните универзитети во државата, објави студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата Фејсбук страница.

Пленумот во Битола досега три пати беше спречен да одржи собир внатре во некој од факултетите со тоа што студентите не добија никаков формален одговор на нивните барања за просторија.

Воедно, студентите после вчерашната петта средба на Правниот факултет во Скопје, објавија дека ќе се одржи втор студентски марш наредната недела.