Четврта надворешна евалуација на УКИМ

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е завршена четвртата надворешна евалуација, изведена од страна на експертски тим номиниран од Европската асоцијација на универзитети.

Ескпертскиот тим по завршување на втората четиридневна посета го презентираше прелиминарниот извештај. Притоа, беше истакната определбата на Универзитетот за спроведување на континуирана надворешна евалуација која започна од 2003 година.

„Во рамките на еваулирањето на сите дејности на УКИМ – интеграцијата, наставно-образовната и научната дејност, интернационализацијата, соработката со стопанството, мобилноста на студентите и академскиот кадар итн., од експертскиот тим се изнесени највисоки позитивни оценки, со што се потврдува местото и угледот на Универзитетот во домашното и меѓународното опкружување“, се наведува во денешното соопштение од УКИМ.